Лаутаро Мартинез, играчот на Интер, проговори за својот трансфер во Барселона летоска. Беше блиску до реализација, но на крајот Лаутаро останал во Интер.

Сега тој наводно дал ветување дека ќе продолжи во Интер, и ќе остане во овој тим уште долго.

„Да, имаше преговори со Барселона, но јас разговарав со тренерот Конте, и му реков дека и покрај понудата од Барса, со главата целосно сум фокусиран на Интер. Потоа трансферот не се реализираше, и јас останав во Интер. Сега тоа е готово, среќен сум во Интер, и дадов ветување дека ќе останам уште долго во овој клуб. Ќе потпишам и нов договор“, рече Мартинез.