Со лошо прво и солидно второ полувреме, Вардар вечерва загуби на гостувањето кај украински Мотор Запорожје.

Во првиот дел Мотор имаше предност од 16:9, позитива која ја одржа до крајот на мечот, славејќи со 30:23. Вториот дел заврши нерешено. Вардарци лошо го стартуваа мечот, и чекаа на прв гол цели 11 минути, во миговите кога беше 6:0 за противникот. Во вториот дел во еден момент Вардар имаше негатива и од девет голови, која на крај успеа да ја ублажи.

Вардарци немаа решение за Минотскиј кој постигна 10 голови во победата на украинскиот тим. Во Вардаровиот тим најефикасни беа Димитриоски, Карапелвски и Талески кои постигнаа по четири голови.

Ова беше првиот пораз на Вардар во СЕХА Лигата, додека Мотор стигна до вториот триумф од исто толку натпревари.