Во СЦ „Јане Сандански“, вечерва се одржа тренинг камп на селекција на талентирани ракометарки на возраст од 16-17 години, односно генерациите 2004/2005 година.

Младите ракометарки тренираа под „палката“ на неколку познати тренинг кои беа дел од овој „мини камп“.

На тренингот беа претседателот на РФМ Живко Мукаетов и генералниот секретар на федерацијата, Филип Милошевски како и директорот Левче Китевски. Тие прво ги поздравија ракометарките, а потоа од трибините гo следеа тренингот во СЦ „Јане Сандански“.