Дербито на 25. коло во шпанската Ла Лига му припадна на лидерот на табелата, Атлетико (М), кој на гостувањето кај Виљареал славеше со 2:0.

Во натпревар во кој гостите реално покажаа повеќе, на крајот и успеаја да ја обезбедат 18-татат сезонска победа која ги остава на лидерското место на табелата со предност од цели 5 бода зад второпласираниот тим на Барселона.

Момците на Чоло симеоне дојдоа во водство во 25. минута, откако Педраза ја погоди сопствената мрежа, а печат на триумфот во второто полувреме стави младиот Жоао Феликс со погодокот во 69. минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore