Екипата на Астон Вила го совлада Лидс со 1:0 на „Еланд роуд“ во рамките на 26. коло на Премиер лигата. Погодокот за три бода го постигна Ел Гази во 5. минута од мечот. Еден интересен податок зборува за успешноста на Астон Вила сезонава.

Кога Марвелоус Накамба е на теренот Астон Вила не прима гол. Замбискиот репрезентативец одигра вкупно 375 минути во Премиер лигата во мечевите со Вулверхемптон, Барнли, Њукасл, Саутемптон, Арсенал и Лидс. А во тој период Астон Вила не примила ниту еден гол.

Вистински талисмен.