Денеска од 15 часот во италијанската Серија А ќе се соочат екипите на Интер и Џенова. Натпреварот е закажан на „Сан Сиро“, а според формата и резултатите „нероаѕурите“ се големи фаворити за победа.
Ова воедно ќе биде и дуел на македонскиот капитен Горан Пандев против клубот со кого освои се што можеше да се освои, стана италијански, европски и светски првак. Сега „Гранде Пандев“ е во Џенова и ги брани боите на овој клуб, па сега ќе излезе против „нероаѕурите“.

Иако не е најавен за во првиот тим, тренерот Давиде Балардини може ќе му даде шанса во текот на натпреварот во зависност од развојот на настаните и од резултатот.

Инаку Пандев досега дал четири гола против Интер и сите во Серија А. Два во дресот на Лацио и два како играч на Џенова.

Џенова долго време беше во опасната зона, меѓутоа во вториот дел од сезоната ги нареди коцките и со серија од добри резултати (седум меча без пораз) се искачи речиси на средината на табелата.

Интер е лидер со 53 бодови, четири повеќе од најблискиот конкурент Милан.