НБА натпреварот меѓу Торонто Репторс и Чикаго Булс кој требаше да се одигра вечерва, нема да биде одигран бидејќи Репторс немаат 8 здрави кошаркари за настап.

Поради протоколот за спречување на ширење на инфекцијата со коронавирусот, Торонто играше веќе со неколку кошаркари помалку на дуелот со Хјустон Рокетс и победи, но оттогаш ситуацијата се влоши, па дуелот со „биковите“ е одложен.

Засега не е познато дали Торонто ќе игра до паузата за Ол-стар мечот. Не е наведено дали некои од играчите се позитивни на Ковид-19 или на сите им било забрането да настапуваат поради контакт со позитивни случаи. Ваквите најнови одложувања на средбите сериозно гос таваат под притисок комплетниот календар за регуларната сезона.

„Репторс“ треба да одиграат 36 натпревари за 67 дена, а некои тимови имаат уште полош распоред. На пример, Мемфис Гризлис се очекува да одигра 40 натпревари за 68 дена.