Денеска од 14 часот се играат преостанатите пет меча од 20.коло во ПМФЛ. Вчера на отварањето на колото, Работнички и Силекс одиграа одличен натпревар кој заврши без победник.

Под Шара гостува “младинскиот“ Вардар со тренерот Никола Илиевски – Џиџи кој во 2013 година ја има победено Шкендија дури со 6:1. Но тоагш беа тоа некои други времиња. Денеска Шкендија, ако одигра на своето ниво, не треба да има никакви проблеми со овој Вардар. Да, Блажевски, Петковски, Најденов и останатите ќе играат од срце, но тешко дека тоа ќе биде доволно освен за чесен пораз. Се разбира не смееме на Вардар, без разлика на квалитетот на Шкендија, да му го одземеме сонот дека може да изненади.

Нели, чудата во фудбалот секогаш се можни.

Кога сме кај овој меч да кажеме дека Вардар нема победа над Шкендија цели 3,5 години, поточно на последните 13 дуели Шкендија има 6 победи а 7 средби завршиле без победник.

Супер интересно ќе биде на ФФМ каде се среќаваат силните екипи на Шкупи и Академија Пандев. И двете се под притисок, и на двете трите бода им се повеќе од потребни. Посебно за “пандевци“ ќе биде проблематичен овој натпревар кој не смее да се загуби. Тренерот Васоски си има проблеми со дефанзивата, Димов и Манев му се повредени.

РЕНОВА ПОД “ТУМБЕ КАФЕ“ ПО РЕХАБИЛИТАЦИЈА…

Минатиот викенд се случи сензациј. Среде Тетово според некои “отпишаната“ Беласица со 4:2 славеше над Ренова, затоа денеска во Битола таа иста Ренова ќе мора на гости кај Пелистер да покаже дека тоа било само лош ден за момците на тренерот Ќатип Османи. Македонија ЃП на свој терен го дочекува Борец. “Лавовите“ се огромни фаворити, па така тие три бода не би требало да бидат доведени во прашање.

И во петтиот денешен меч, во Струмица екипата на Беласица под тренерската палка на Ѓоре Јовановски ја дочекува Струга Трим Лум. Тука очекуваме голема битка за секоја педа од теренот на стадионот “Благој Истатов“.

 

 

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 14 Ч

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

ШКУПИ – А.ПАНДЕВ

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА

БЕЛАСИЦА – СТРУГА ТЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:1