Ракометарите на ППД Загреб ја остварија и третата победа во исто толку настапи во СЕХА лигата, откако вечерва славеа на гостувањето кај Металопластика во Шабац со 35-30 (18-13).

Гостите беа предводени од Матеј Хрстиќ и Сењамин Буриќ со по шест гола, а Владо Матановиќ постигна пет погодоци. Најдобар стрелец во домашниот тим беше Воислав Брајовиќ со седум погодоци.

ППД Загреб е водечки тим во рангирањето на групата „А“ со максимални девет бода од три натпревари. Втор е нашиот Еурофарм Пелистер со шест бода.