Славиша Кокеза, првиот човек на фудбалскиот сојуз на Србија, е приведен утрово на информативен разговор.

Се наведува дека Кокеза бил приведен на основ исказите на сопствениците на повеќе белградски локали, кои по пишувањата на медиумите, во неодамното сослушување рекол дека Кокеза воспоставил соработка со Вељко Беливук, осомничен за тешки убиства и киднапирање.

Спорт Клуб пренесува дека Кокеза во текот на денот ќе биде сослушан.

Кокеза на чело на Фудбалскиот сојуз е од 2016 година, а претходно кратко беше дел од УО на Црвена Звезда.