Ако ПСЖ летово успее да го откупи договорот на Моес Кин од екипата на Евертон, тогаш голема ќе биде веројатноста Мауро Икарди да си замине од Париз. Ова денеска го пишува угледниот француски спортски весник „Л’Екип“.

Според изданието, иднината на Икарди би можела повторно да го врати во Серија А, со оглед на тоа што за него во моментов интерес има од шампионот Јувентус. Според „Л’Екип“, ПСЖ ќе биде подготвен да преговара за негово заминување во оној момент кога со Евертон ќе го договори останувањето на младиот Кин.