Една од легендите на Манчестер Јунајтед, некогашниот играч за врска на „црвените ѓаволи“ Пол Сколс, во изјава за англиските медиуми, вели дека Манчестер Ј. сигурно ќе мине во четврфиналето на Лигата на Европа.

Според Сколс, во моментов, момците на Солскјер се далеку подобри од оние на Стефано Пиоли.

„Манчестер Јунајтед има најдобар тим од сите клубови во оваа фаза. Така мислевме и минатата година, но се случи тоа што се случи. Манчестер Јунајтед е многу подобар од Арсенал и Тотенхем и мислам дека Солскјер лесно ќе го мине Милан“, изјавил Сколс за БТ Спорт.