Поради големата финансиска криза Сунинг мораше да го напушти фудбалскиот клуб Џангсу кој после оваа одлука прогласи банкрот. Компанијата во чија сопственост е и миланскиот великан Интер го остави актуелниот кинески шампион на цедило поради неможноста да ги следи високите финансиски барања за финансирање на клубот.
Денеска истекува рокот за доставување на потребната документација за следната сезона, а Сунинг се повлече од Џангсу затоа што не може да се обврзе да дава голема сума на пари уште една сезона.

Сунинг го напушти кинескиот фудбал. Џангсу нема повеќе да биде под оваа групација под водство на Жанг Џиндонг. Џангсу не може да пружи гаранции за континуитет, па поради тоа нема повеќе да постои. Клубот престанува со работа“, соопштија од клубот.

Џангсу минатата сезона прв пат во клупската историја стана шампион на Кина, а до овој момент на играчите и стручниот штаб им должат три месечни плати, како и бонусите за освојување на титулата.

Се уште не се знае што ќе биде со Интер каде што Сунинг има уддел. Поради финансиската криза може да се случи проектот на „нероаѕурите“ кои се градеше изминатите неколку години може да се распадне како кула од карти.