Шкупи  со победа во Велес го стартуваше пролетниот дел. Сепак бодовната разлика во битката за титулата Шкендија ја задржа. Чаирчани се свесни дека не смеат да си дозволат било каков кикс, па така и на денешниот меч со силниот тим на Академија Пандев тие веруваат во нови три бода.

Овој дуел кој ќе се игра на ФФМ во Скопје, е дерби на колото. За тоа што може да се очекува од Шкупи, свое видување има Кристијан Трапановски, кој токму од А. Пандев ги засили редовите на Шкупи оваа зима.

“Секој натпревар е важен, па така и денешниот против Академија Пандев. Нам не ни останува ништо друго освен да играме на победа на секој натпревар во сезоната.Имаме одличен тим, максимално сме подготвени, верувам дека ќе го покажеме најдоброто од себе. Одиме чекор по чекор за да на крајот дојдеме до титулата“ вели Трапановски.

На овој меч тренерот на чаирчани Хасан Озер ќе смета и на стоперот Бесарт Кривањева кој ја одлежа суспензијата.