Откако денеска од страна на полицијата беше уапсен поранешниот сега веќе претседател на ФК Барселона Хозеп МАрија Бартомеу, и надлежните органи влегоа во клупските простории со претходни индиции за наводен финансиски криминал, клубот одлучи да даде соопштение во јавноста.

Во истото се вели дека ФК Барселона комплетно ќе соработува со институциите и дека е на располагање да помогне во расчистување на целиот скандал.

„Во врска со посетата на полицијата и одделот за економски криминал во канцелариите на Камп Ноу утрово, од клубот овозможија соработка на судските и полициските лица со цел да се расветли ситуацијата. Беа земени потребните информации и документација, која е поврзана со случајот. Барселона покажува респект кон правосилните органи“, соопштија од клубот.