Екипата на Е.Пелистер утре го игра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа на гостински терен против тимот на Шафхаузен. На него, битолчани ќе настапат некомплетни од повеќе причини.

Почетно, египетскиот голман Карим Хендави поради документи односно виза не патува, а повредени се Кушан, Маџовски и Вегар. Исто така не може да се смета ниту на Кукуловски, Кузманоски и Петровски. Последните двајца не се регистрирани за настап во ова натпреварување, затоа што пристигнаа во текот на сезонава.

Со евентуален триумф на Е. Пелистер во Швајцарија но и со неуспех на ГОГ ГУдме во дуелот со Рајн Некар Левен биточани ќе завршат како втори, но доколку дивеат неуспеах ќе бидат четврти во групата.