Францускиот лигаш Рен, остана без тренер откако Жулиен Стефан си поднесе оставка.

По четири последователни порази во сите натпреварувања, искусниот стратег реши дека е доволно на клупата на овој клуб, на која седеше од 2018 година.

По негова заслуга се победите над ПСЖ во финалето од националниот куп во 2019 година како и премиерното учевство во групната фаза од Лигата на Шампионите.