Златан Ибрахимовиќ поради повреда на адукторот нема да биде во составот на тимот на Милан за претстојниот меч од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед на гостински терен.

Ова предмалку го објавија италијанските медиуми, со назнака дека сега Милан има уште потешка задача да го мине гигантот од Олд Трафорд во елиминационата фаза од ова натпреварување.

Секако, Ибрахимовиќ нема да биде во можност да помогне ниту против Удинезе односно Верона, но тоа реално е помалку важно.

Како второ прашање кое во моментов е отворено во таборот на Милан е и состојбата на Хакан Чалханоглу кој има проблем со мускулот  и кој ќе прави дополнителни прегледи, додека пак состојбата со Анте Ребиќ е ок и тој ќе може да настапи.