Наместо прес-конференција за отчет на сработеното и настапот на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за место на ЕП 2022 година, КФСМ на чело со Перо Антиќ ги нападна новинарите.

Наместо да си ја гледаат својата работа и да почнат да гледаат во својот „двор“, тие како главни виновиници за состојбата на кошарката ги посочија новинарите.

Според Антиќ, не известувале како што треба, постојано ги напаѓале.

„Има новинари кои намерно не напѓаат, новинарите се виновни, треба да внимаваат, селектираат кога треба да се нападне“, рече Антиќ кој сфати каде ја отера водата, па застана во одбрана на кошаркарите.

„Треба да им се даде поддршка на кошаркарите, дел со дрва и камења маваа по нив. Треба да им се даде поддршка“.