Во викендот кој доаѓа, може да се случи да биде крунисан првиот шампион во европските лиги за иоваа година. Станува збор за Глазгов Ренџерс, кој со поклопување на коцките може веќе да ја слави титулата во Шкотска.

Ренџерс на свој терен го дочекуваат Сен Мирен. Ако победат, тогаш избраниците на Стивен Џерард може на шест кола до крајот и математички да ја обезбедат шампионската титула.

Глазгов Ренџерс во моментов имаат 18 бодови предност во однос на својот ривал Селтик, но и далеку подобра гол разлика од противникот.

Во Шкотска останаа уште две кола регуларен дел од првенството, а после тоа се игра плеј-оф и плеј-аут.