Ливерпул ќе испрати допис до ФИФА и УЕФА да ги ослободи нивните фудбалери од репрезентативните акции. Станува збор за играчи кои играат за земјите од „црвената зона“ кога станува збор за пандемијата коронавирус.

Во моментов тоа се Португалија, Сенегал и Бразил, па токму затоа Ливерпул ќе бара да бидат ослободени Садио Мане, Небу Кеита, Алисон, Роберто Фирмино, Фабињо и Диего Жота.

Германскиот стручњак, Јирген Клоп и онака има доволно проблеми со повредите сезонава, па заминувањето на овие играчи со репрезентациите би значело десетдневен карантин по враќањето на Островот.

Слична е ситуација и со останатите клубови, не сакаат да ги пуштат фудбалерите во земјите кои се во „црвената зона“.