И реванш натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Лајпциг, ќе се игра во Будимпешта на стадионот „Ференц Пушкаш“. На истиот стадион, двата тима го одиграа и првиот меч, кој заврши со победа на „црвените“ од Ливерпул со 0:2.

Доколку Лајпциг победи со истиот резултат, тогаш следуваат продолженија и пенали. Важи правилото и за гол на гости, и покрај тоа што двата меча се играа на ист стадион.

Ваквата одлука е донесена поради ограничувањето на патувањата во Велика Британија, односно задолжителен карантин на патници од оваа земја во Германија, со што Лајпциг по враќањето ќе мора да мине во карантин. За да се избегне ова, дуелот ќе се игра во главниот унгарски град.