FOTO> FC Inter

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез ја одигра можеби најдобрата партија во дресот на Интер. Вечерва Санчез ја обезбеди победата за „нероаѕурите“ затоа што постигна два гола во триумфот со 2:1 на гостувањето кај Парма. И двата на асистенција на Ромелу Лукаку кој стигна до бројката од осум асистенции сезонава.

Единствениот гол за Парма го постигна Хернани во 71 минута.

Инаку ова е 18-та победа за Интер сезонава во Серија А и ја зголеми предноста во однос на најблискиот конкурент за титулата Милан за шест бодови.