Дуелот меѓу Веспрем и Нант не се одигра. Еден од двајцата хрватски арбитри делегирани на оваа средба, пред натпреварот добил позитивен тест на Ковид-19.

Два часа траеше сагата дали ќе се одигра мечот или пак ќе биде одложен. ЕХФ првично го презакажа за два часа подоцна и на истиот реши да постави унгарски судии, но со оглед дека бодовите ништо не менуваа кај двете екипи на крајот го откажа.

Дејан Манасков денеска се пошегува, на својот „Инстаграм“ профил стави фотографија од него и Кирил Лазаров, кој не само што ќе му биде капитен, туку и селектор.

„Добар меч вчера“, пиша Манасков.