Порто го доби најтешкиот меч оваа сезона. Ракометарите на португалскиот тим за кого и настапува македонскиот репрезентативец, Никола Митревски, го одиграа првиот натпревар по смртта на Алфредо Кинтана.

Чувствата беа измешани, но момците во дресот на Порто добро знаеа што сакаат – да победа за Кинтана. Тоа го сторија, славеа со 31-38 и завршија на петото место на табелата. Во осминафиналето португалскиот тим ќе игра против Алборг.

Митревски правеше чуда, запиша десет интервенции од кои три седмерци.