Тренерот на Болоња, Синиша Михајовиќ и неговата сопруга Аријана ги променија животните навики по несреќната смрт на Коби Брајант.

Легендарниот српски фудбалер исто како и НБА-ѕвездата практикувал да патува со хеликоптер, но по големата трагедија, тој и неговото семејство се принудени да го користат само својот автомобил.

„По мечот ќе се вратам во Болоња со тимот како и секогаш. Дури и кога играме во Рим, а следниот ден имаме одмор, секогаш се враќам со нив до стадион и следниот ден одам дома. Не знам колку од тренерите го практикуваат овој начин на функционирање, но мислам дека е најисправно. Денеска ќе организирам тренинг, по што ќе заминам за Санремо, до каде има околу пет часа патување. Би сакал да одам со хеликоптер, но мојата сопруга Аријана се плаши од несреќа, затоа ќе одиме со автомобил“, изјави Михајловиќ.

Стравот од летање кај неговата сопруга е сосема оправдан, светската јавност и натаму не се може да се помири со трагедијата која му се случи на Коби Брајант, па токму затоа семејството Михајловиќ гледаат да патуваат со автомобил.