Пандемијата коронавирус дефинитивно го крои распоредот во светот на спортот. Ракометната Лига на шампиони оваа сезона имаше бројни одложени натпревари, дел поради Ковид-протоколите на земјите од кои доаѓаат учесниците, дел од поради позитивни случаи на вирусот.

По вчерашното откажување на мечот меѓу Веспрем и Нант, денеска нема да се одигра уште една средба од истата група Б. Мечот меѓу Алборг и Целје е откажан поради позитивни случаи на Ковид-19 во таборот на данскиот тим.