Групната фаза во Лигата на шампионите и официјално заврши. Поради пандемијата коронавирус, ЕХФ одлучи сите тимови да играат осминафинале. Единствениот македонски претставник во ова натпреварување, Вардар 1961 за противник во двомечот ќе го има Веспрем, првиот дуел се игра во Скопје на 31. март или 1. април, додека реваншите закажани за еден ден подоцна.

Нант и Кирил Лазаров ќе играат против Келце, додека Никола Митревски и Порто ќе се пресметаат со Алборг.