Порто вечерва игра за својот непреболен голман, Алфредо Кинтана, кој почина на 32 години. Пред почетокот на натпреварот со Елверум додека траеше едноминутното молчење во чест на Кинтана, на виде-бим одеше кратко видео посветено на голманот.
Дел од играчите не можеа да издржат, плачеа за својот соиграч, за својот пријател.
View this post on Instagram
Порто на полувремето има предност од 16-11, иако сите се во шок, сепак желбата да се победи овој меч за Кинтана е голема. Митревски има пет одбрани од кои еден седмерец.