Конечно по долго време Марјан Радески во дресот на Академија Пандев потврди зошто е репрезентативец. Ја одигра веројатно својата најдобра партија откако е во струмичкиот клуб. И не само што постигна прекрасен гол, туку тој даваше тон на играта на А. Пандев на мечот со Македонија ЃП. Едноставно тој ги скроти “лавовите“. Покрај него, во таа победа од 2:1, тука се и Марио Крстовски и Ѓорѓи Стоилов. Пелстер сензационално славеше во Струга, а едни од подобрите кај битолчани беа голманот Талески, стоперот Илиески и стрелецот на голот Пејаковиќ. Ремзифаик Селмани беше играч на мечот Ренова – Вардар (3:0), а од Борец кој ја победи Беласица тука е Еди Баша кој постигна навистина прекрасен гол. Шкупи ги освои бодовите во Кратово, Алварез и Нето по обичај беа меѓу најдобрите кај чаирчани. Гроздановски од Работнички одигра солидно против Шкендија.

ИГРАЧ НА КОЛО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Академија Пандев

Роден: 10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, А.Пандев