Тренерот на Челзи, Томас Тухел е уверен дека следната сезона „сините“ ќе можат да се борат за пехарите во сите натпреварувања на кои ќе учествуваат.

– Понекогаш е корисно да се процени реалноста и да се биде подготвен да се затвори јазот што е можно побрзо. Можеме ли да ја намалиме разликата со Манчестер сити оваа сезона? Не, тоа е невозможно. Но, следната сезона, кога пак ќе почнеме од нула, ќе имаме шанса. Сити имаше проблеми оваа сезона, но никој не го искористи тоа. Во спортот, можете брзо да стигнете до врвот и да започнете да растете ако го фатите моментот“, вели Тухел.

Во моментов Челзи со 44 бода од 26 натпревари се наоѓа на 5. место во Премиер лигата. Тимот посакува да избори место во Лигата на шампионите повторно, а не да добар пат да влезе во 1/4 финалето на ЛШ после победата над Атлетико на гости со 0:1.