Рускиот кошаркарски тим Химки е во голем проблем. Руските медиуми пренесуваат дека долгот се искачил на 3,3 милиони евра, само на основ неплатени плати.

Тоа го потврдиле и новинарите на „Спортланд“. Наведуваат дека на играчите не им биле исплатени плати за последните три месеци.

Химки веќе отпушти неколку играчи како Јонас Јеребко, Грег Монро и Дарис Бертанс, додека наскоро договорите ќе ги раскинат и Девин Букер и Стефан Јовиќ.

Се очекува тимот да го напуштат и Џордан Мики, Ерик Мекалум и Јанис Тим.

Химки е убедливо последен тим во Евролигата, и лошо му оди и во регионалната ВТБ Лига.