Македонската женска кошаркарска репрезентација нејверојатно останува без селектор. Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Владимир Ѓоровиќ си поднел оставка на оваа функција, но не кај раководството на КФСМ.

Откако кошаркарките заедно со стручниот штаб не отпатуваа во Рига на последниот квалификациски турнир поради Ковид-19, Ѓоровиќ преку порака ги известил репрезентативките дека повеќе нема да биде селектор.

Засега како што дознаваме својата одлука ја нема соопштено на претседателот, Перо Антиќ, спортскиот директор, Тодор Гечевски и генералниот секретар, Владими Георгиевски. Тој на функцијата селектор дојде токму по смената на раководството на КФСМ.

Иако е поминато подолго време, на официјалната страница на федерацијата и натаму нема известување за новонастаната ситуација, ниту пак на вчерашната прес-конференција некој се обиде да проговори за женската кошарка, за квалификациите, нешто што се ветуваше во кампањата на актуелното раководство.