Поранешниот германски репрезентативец Јенс Леман го даде своето мислење кој е најдобар голман на светот. Според него, број 1 е Мануел Ноер, голманот на европскиот и светски шампион Баерн Минхен.

Најдобриот на светот? Тоа е Ноер. Исто така би го издвоил и голманот на Волфзбург Коен Кастелс. И Алисон…“, коментира Леман.

За тоа дали Марк-Андре Тер-Штеген треба да биде прв чувар на мрежата на Германија, Леман одговори:

Дали тој треба е прв голман на Германија? Во последните години него не му оди, прима по 6,7 и 8 голови во Лигата на шампионите. Тоа е лош скор за него. Јас би одбрал голман кој не прима толку многу голови во ЛШ“, дополни поранешниот голман на Борусија Дортмунд и на Арсенал алудирајќи на оној меч од ЛШ минатата година против Баерн кој Барселона го загуби со 8:2.