Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола упати пофални зборови за градскиот ривал Манчестер Јунајтед пред дербито меѓу двете екипи во недела. Во декември овие две екипи одиграа слабо дерби на „Олд Трафорд“, во кое немаше голови, а потоа „граѓаните“ го победија градскиот соперник со 2:0 во полуфиналето на Лига купот.

Тие се силни на секој дел – плејмејкерот Бруно Фернандеш, во нападот Џејмс, Рашфорд и Марсијал, итриот Кавани – еден од играчите на кого му се восхитувам. Тоа е Манчестер Јунајтед. Тоа е топ клуб. Привилегија е да бидеме пред нив на табелата“, рече Гвардиола.

Во недела сакам да бидеме свои. Дербито во декември не беше добро. Анализите покажаа дека беше очајно. Треба да се признае дека во тој период не игравме најдобро, но и тогаш намерата ни беше да победиме“, додаде Шпанецот.

Манчестер Сити нема пораз 28 натпревари по ред и ако во недела не загуби ќе постави нов клупски рекорд. А Манчестер Јунајтед победи на три од последните четири лигашки и куп натпревари на гостувањето кај Сити.

Исто така е интересно што седум од последните 10 дербија на Манчестер во сите конкуренции победувала гостинската екипа.