Не така често се случува во две минути да се случи комплетен пресврт и од загубен меч истиот да се добие. Сепак, токму тоа се случи на отворањето на новото коло од шпанска Примера вечерва каде што тимот на Валенсија со голови постигнати во 86. односно втората минута од продолжението дојде до победа од 2:1, против тимот на Виљареал. Иако гостите водеа од 40. минута преку голот на Морено од пенал сепак, на крајот останаа со празни раце.

Најпрво Солер исто така од пенал во 86. минута израмни на 1:1, а потоа Гуедес во 92. минута од мечот го псотигна победничкиот гол за домашните.