Екипите на Шалке и Маинц одиграа 0:0 во првиот меч од новото коло во германската Бундес лига.

Во дуел на два клуба кои се во зоната на испаѓање немаше голови и два бода и за двата табора отидоа во неповрат. Два бода кои на Шалке како домаќин особено ќе му значеа затоа што клубот во моментов има само десет поени на своето конто, и резултатски стои очајно.

Од друга страна тимот на Маинц пак има 18. поени и е во нешто подобра позиција но далеку од тоа дека м0же мирно да спие. Напротив и него го чека тешка борба за гол прволигашки живот до крајот на сезоната.