Уште еден изненадувачки резултат во Супер-лигата, но овој пат во плеј-аутот. Голден Арт КЛ7 продолжи со импресивните резултати и добрите мечеви, овој пат по голема драма славеше на гостувањето кај Прилеп со 33-31.

Гостите со серија од 10-4 направи целосен пресврт и дојде до победата. Претходно Прилеп имаше водство од 10-7, но ракометарите на КЛ7 на полувремето изедначија на 16-16. Домаќинот одново ја врати предноста, имаше позитива од четири гола, но не беше доволна. Младите ракометари се вратија во мечот и на крајот сосема заслужено се радуваа на бодовите.