Тимот на Работнички забележа убава победа во АБА 2 лигата против тимот на Сутјеска со високи и убедливи 84:62. Тренерот Димитар Мираковски по натпреварот задоволен од прикажаното и од остварената трета победа во ова натпреварување сезонава.

„Далеку од тоа дека ова беше лесен меч за нас. Тука екипите се доста изедначени и нема лесен меч за никого. Очигледно дека играчите сфатија каде погрешиле против МЗТ, и денеска беа на повисоко ниво што се однесува до залагањето. Одбраната беше на ниво, и така треба да продолжиме. Имаме добар тим, мора да имаме и високи амбиции, не смееме да се заодовлиме со малку. Ќе се бориме до крај за да фатиме приклучок кон горниот дел од табелата“ – изјави Мираковски по мечот.