Војдан Стојановски и неговиот тим Гравелин во рамките од новото коло во кошаркарскиот шампионат на Франција успеаа да слават со високи и убедливи 91:77 над тимот на Ле Ман.

Иако почнаа слабо и губеа со 38:46, сепак по добрата трета четвртина која ја добија со 30:8, Гравелин дојде до позакуваната предност која ја задржа со самиот крај.

На првиот меч по репрезентативните активности со нашиот национален тим, Војдан Стојановски доби многу поголем простор за игра. За 22:36 минути, нашиот капитен како стартер, реализираше шест поени 3/5 за два поени, а имаше и четири асистенции и еден скок.

По 11.одиграни натпревари, екипата од Данкерк сега е на ефект од пет победи и шест порази, доволна за десеттото место во најквалитетната француска лига.