Хрватскиот ракометар Бруно Ќопиќ, голман на словенечкиот прволигаш Урбанскејп, паднал на допинг тест поради употреба на кокаин, соопшти словенечката Антидопинг комисија. Биолошкиот примерок бил земен од голманот на 5 ноември минатата година по меч од 4 коло во локалната НЛБ лига помеѓу Урбанскејп и Горење. Анализите покажале дека тој бил позитивен на кокаин кој е строго забранет во спортот.

Ќориќ признал за грешката. Тој не ја земал забранетата супстанција за подобрување на спортските резултати, туку за лично уживање.
Колкава казна ќе добие, допрва ќе видиме.