Константин Чешмеџиев беше во стартниот состав за својот тим Вележ од Мостар во денешниот дерби дуел против тимот на Борац Бања Лука во кој домаќинот триумфираше со конечни 2:0.

Стоперот одигра и повеќе од солиден меч, и во целост ја заслужи улогата на стартер по паузата поради повреда која ја имаше периодов.

Од другата страна пак Бобан Георгиев во улога на резервист влезе во финишот на мечот за да спасува ситуација, но брзото крило не можеше да помогне во избегнување на поразот.