⁉️ Каде бевме пред 10 години, а каде сме сега!? Резултатите на репрезентациите не се случајни. Работата во најмалите селекции носи успеси. Муамед Сејдини добро ја менаџира работата во ФФМ.

‼️ Секоја чест за Горан Пандев и останатите репрезентативци кои не направија горди со историскиот пласман на ЕП.

‼️ Благодарение на Сергеј Самсоненко опстанува Академијата на Вардар во која и во иднина илјадници деца ќе имаат одлични услови за работа и напредок во своите кариери.


Топло  попладе, сонцето ја најавува пролетта, се наоѓаме во скопскиот парк, локација „Томче Софка“ и таму добро познато фудбалско име. Има голема тежина во мак-фудбалот – Ѓорѓи Христов. Своевремено нашат најдобра „деветка“, голгетер кој ни донесе многу радости, долго време беше најдобар стрелец во националниот тим, а сега е во друга улога – директор на „Академијата на Вардар“.

И кога се случува една ваква средба со големина како Христов не може да се зборува за гобално затоплување, пандемија, попис, економија… Фудбалот е во крвта и веднаш од прва рака, инфо од директорот за случувањата во Академијата на Вардар.

„Минуваме низ турбулентен период но Академијата е стабилна, функционира, децата тренираат, тренерите кои останаа да работат се тука. Се врати и Миле Крстев, и подготвени сме за стартот на сезоната која почнува овој викенд. Остануваме во служба и сервис на ФК Вардар,  иако се појавија гласини и  неточни информации со кои одредена група сакаше да наштети на нашата работа и работата со децата. Тоа е вистината, такви се одлуките во Академијата а ако има некои новитети и промени ние веднаш ќе ги споелиме со сите. Она што засега е јасно е тоа дека благодарение на Сергеј Самсоненко и во иднина илјадници деца од Скопје и земјава ќе имаат фантастични услови за тренинг и работа а со тоа и шанса да напредуваат во своите кариери“, објаснува Христов, кој заедно со координаорт Саше Милошевски остануваат на чело на Академијата на Вардар и во денови кога не цветаат рози кај нашиот најтрофеен клуб.

Тоа е одговорот на Христов за Вардар. Но по автоматизам „водата се префрла“ на темата ФФМ, репрезентација и ЕП.

„Како само се радував на победата над Грузија и пласманот на ЕП. Секоја чест за Горан Пандев и останатите репрезентативци, за стручниот штаб и сите во ФФМ. Дочекавме и ние,  другите земји, соседите да ни алаудираат за фудбалски успех. Мислам дека не постои личност која била во фудбалот а посебно сите оние кои играле за оваа наша репрезентација, а да не се горди на постигнато. Барем ја така мислам. Повторно ќе кажам – секоја чест“, истакнува Христов, кој на 48 средби за Македонија постигна 16 голови. За оние помладите само потсетување дека во моментите кога тој блесна,  кога се случи трансферот во Барнсли и Премиерлигата се случи фаталната повреда на коленото која создаде големи и сериозни проблеми во кариера на оваа наша одлична „деветка“.

Но фудбалот е таков. И покрај успех на сениорите па и на селекцијата до 21 година се случуваат турбуленции, некој сака да создаде темни облаци во исориските моменти. Христов веќе долго време е во фудбалот во кој остана и по крајот на каиерата.

„Тука сакам да напоменам дека се чувствувам компетентен да кажам, некои работи за сферата, проблематиката во фубалот во која сум инволвиран речиси 10 години. Прво во Металург, а еве сега и Вардар. Тоа се 10 години работа со деца, млади категории, академија… И ќе кажам: Каде бевме пред 10 години, а каде сме сега? Развојт на младите категории и работата во ФФМ е главната причина поради која имаме и репрезенативни успеси. Ништо не е случајно. Прво селекциите до 17 и 19 години имаа добри резултати, па пласманот на У21 на ЕП, а еве сега и сениорите. Тоа е патот и доказот за одличната и правилна работа. Ќе кажам каде бевме пред 10 години а не во мое време. Огромна разлика! Само ќе и напоменам дека со сопствени очи гледам, а потоа и ги слушам нашите деца од Вардар што кометираат и зборуваат по настапите за националнте селекции. Не се тоа едно или две деца. По пет-шест во секоја селекција. Од организација, патувања, сместувања и услови за работа и натпревари. Децата не лажат, нивата емоција е најискрена и затоа ова ви го потенцирам. А ние како Академија Вардар секако дека имаме одредени проблеми со ФФМ, кои се решаваат со дијалог, разговор и аргументи. Никој не е перфектен. Јас на пример немам причина да фалам некого без аргументи. Со  претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини  до сега сум се видел на една случајна средба. Тој одлично ја менаџира работата во федерацијата.  Му честитав  за успесите со младите селекции и пласманот на ЕП. Ова е вистината и таа ја знаат сите кои работиме професионално во младинските селекции. Сите други клевети, напади и ред други работи се од инает, од злоба и од луѓе кои гледаат интерес за промени во ФФМ за тие да влезат внатре“, е говорот на Христов кој директно дава јасна слика за случувањата во младионсиот фудбал во земјава за кој е факт дека е далеку од оние времиња кога младите репрезентации носеа парталави опреми, кога беа сместувани во скапани бунгалови, кога патуваа со автбуси кои прокиснуваа… кога играа сомнителни натпревари.

Се прави лоша слика за Вардар, за ФФМ, има  фудбалски имиња кои критикуваат, кои дават свои мислења, забелешки… Христов и за тоа даде интересен став.

„Ако во секоја младинска школа главен проблем за тренерите се незадовлните родителите за фудбалот тоа се фудбалерите кои некогаш играле и се уште живеат во тоа нивно време (Кога јас играв ваму, кога ние игравме со тие…). Готово! Крај! Завршило тоа! Треба да се знае, да се повлече линија. До тука играв, од тука натаму останувам во фудбал или ќе работам некој друг бизнис. Не може да се биде надвор од фудбалот 5,6 па и 10 годинии и да се коментира, да се напаѓа без аргументи. Ајде работете, бидете во фудбалот и кажувајте. Работете во клубовите,  за сите има место. Не само од страна да се прави притисок и тензии без да се почувствува вистинскиот проблем во фудбалот и менаџирањето со истиот. На пример и јас кога бев фудбалер ќе дојдев тука за репрезентација, ќе ми ја наполнеа главата и потоа  гласно зборував, напаѓав…. Но некогаш сето тоа треба да се провери. И затоа совет за фудбалерите, репрезентативците. Вашата работа донесе усех, Вие сте тие кои напишавте историја и ќе играте на ЕП. Но не наседнувајте на провокации!!! Тоа ви го кажувам од лично искуство. Пласманот на ЕП треба да не обедини и како нација и држава – иако некои лица прават раздор за нивни лични интереси.  А домашниот фудбал, посебно клубскиот ќе останат заробени во истите проблем се додека секој клуб не добие газда. Не може општините да бидат главни, а ваучерите главен извор на финансии. Јас сум „ЗА“ секој клуб да одлчува за иднината на фудбалот, но не и оние клубови каде има општински управи, партиски кадри.. Само газди… Само оние кои даваат свои пари. Гледам и читам дека тоа за некого е главен, а во моментов истиот е и небитен проблем. Силни клубови како Вардар и Шкендија од пред некоја година. Само така може да се оди напред и уште подобро од сега. Требаат силни бази како Пелистер, Победа, Беласица (или Академија Пандев). Еве се враќа Брегалница, на Чаир има повторно фудбалска атмосфера. Сето тоа е добро. Лесно е да се урне нешто што има резултат. Истото беше и во ФК Вардар изминативе денови, месеци. Истите тие ликови кои удираат и по ФФМ. Тешко е да се изгради нешто, а лесно е да се урне. Само прашајте се каде бевме пред 10 години, а каде сме сега. Толку имам да кажам…“, со доза на емоци коментира Христов за последните случувања во фудбалот, околу Вардар ФФМ и националниот тим.

Битолчанецот е еден од ретките наши врвни фудбалери кои останаа да работат во фудбалот и тоа почна од почетокот – од работата со младите категории, кратко беше и прв тренер на Металург, но еве го сега пет години во Вардар, клубот кој дава најмногу младински репрезентативци во нашите национални селекции.