Алекса Амановиќ и неговиот тим Тобол се освојувачи на овогодинешното издание на супер купот на Казахстан.
Тие во финалето беа подобри од тимот на Астана по подоброто изведување на пеналите откако регуларниот дел од мечот заврши 1:1. Тобол ја имаше таа несреќа по раното водство во натпреварот да прими гол во четвртата минута од судиското проволжение, но од друга страна пак имаше среќа во пенал рулетот.

Откако нашиот Амановиќ погоди во втората пенал серија, Муртазаев по него промаши за Астана и тоа се покажа како клучен момент на овој натпревар.