Барселона со 2:0 ја совлада Осасуна во гости во 26. коло на шпанската Ла Лига. Погодоците беа дело на Жорди Алба и надежниот напаѓач на „Каталонците“ Илакс Мориба.

Шпанецот постигна убав гол, а претходно фантастично беше проигран од Лео Меси. Алба од косо шутираше силно и ја заби топката во голот на противникот. Интересно, осум од последните свои 16 гола Алба ги реализирал на асистенција на Меси.

Во финишот на мечот Меси запиша уште една асистенција, убаво го проигра Мориба, а тинејџерот со убав шут од далечина ја погоди мрежата на домаќините.

Барселона со новите бодови му се приближи на лидерот Атлетико на два бода, но да кажеме и дека мадриѓани имаат и два меча помалку од „Каталонците“. Осасуна е на 13-тото место.

Барса ја запиша 17-тата победа сезонава и прва на „Ел Садар“ по 2016 година.