Гостивар ја оправда фаворитската улога против Црн Дрим. По слабото издание против Кожув во минатото коло, избраниците на Марјан Србиновски брзо се рехабилитираа на гостувањето кај дебитантот славеа со 72-83 во меч од 16. коло во Првата лига и останаа во трка за горните позиции на табелата.

Гостите немаа проблем, по првата четвртина поведоа со 18-19, а потоа на полувреме имаа водство од 31-41. Не му дозволија на противникот да им застане на патот, во третиот одиграа нешто подобро за мирен финиш.

Џалоун Фрајдеј со 24 поени и 11 скока беше најдобар кај победникот, дабл-дабл запиша и Александар Костоски, имаше 16 поени и 10 асистенции, на другата страна Марсело имаше 22 поени и 16 скока, премалку за втора победа сезонава.