Ни помалку ни повеќе туку рускиот интернациионален стратег Андреј Чернишов е нов тренер на тимот на Беласица.

По оставката на Ѓоре Јовановски, управата на клубот експресно реагираше и доведе сериозно тренерско име на изненадување на сите.

Беласица иако се мачи во моментов на резултатски план очигледно дека во Чернишов гледа решение за тренерската позиција и своевиден спасител од оваа тешка резултатска ситуација.

Тој за информација е поранешен руски репрезентацивец во кој во моментов има 53 години, а во играчката кариерера беше дел од екипите на Динамо Москва, Спартак Москва, Штурм Грац, Паок, Антверпен, Гројтер Фурт Рубина Казан…. додека пак откако е фудбалски стратег има седено на клупата на екипи како Динамо Тбилиси, Спартак Москва, каде што ја има обавувано и функцијата спортски директор.