Денеска (15 часот) ќе се одигра последниот меч од првото коло во плеј-офот. Вардар 1961 на домашен терен го почнува походот кон тронот, а противник ќе го има вториот тим на Е.Пелистер.

Избраниците на Стевче Алушовски се апсолутни фаворити на оваа средба. На другата страна по изборениот пласман во плеј-офот во Супер-лигата, гостите ќе пристигнат со големи мотиви, покажаа дека се незгоден тим, па сигурно ќе се обидат да одиграат достоен меч против силниот состав на единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите.

Вчера се одиграа останатите средби од првото коло, се случија две изненадувања: Т.Пролет беше подобар од Металург со 29-26 во меч во кој домаќинот ја имаше целосната доминација. Бутел на домашен терен го совлада Охрид, кој до оваа средба немаше пораз, додека на првиот дуел Е.Пелистер без мака ја оправда фаворитската улога против Струга.