Нема што, Брегалница доминира на Истокот, Брегалница граби кон елитата со сигурни чекори. Попладнево на гости кај Росоман успеа да победи со 5:1, треба да се каже дека уште во 14.минута беше 3:0 за „сините“. Интересно Ристе Наумов, ветеранот на Брегалница успеа да постигне три гола, додека во листата на стрелците се запишаа и Ацковски и Маневски.

Тиквеш потешко од очекувањата славеше во Каменица и тоа на гости кај саса со 2:1. Стрелци на головите беа Спахиу и Здравески, додека за домашните голот го постигна Гоцевски од пенал. Кит Го уште еднаш покажа дека трет тим во оваа лига по квалитет, ако не и втор.

Осогово успеа да ја победи Плачковица на гости, додека Победа во самиот финиш се спаси од пораз против Слога Виница, и тоа на свој терен.

РЕЗУЛТАТИ – 17.КОЛО

КИТ ГО – КОЖУФ 3:0

ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО 0:1

САСА – ТИКВЕШ 1:2

РОСОМАН – БРЕГАЛНИЦА 1:5

ПОБЕДА – СЛОГА (В) 1:1

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 48

2.ТИКВЕШ 41

3.КИТ ГО 28

4.КОЖУФ 26

5.ОСОГОВО 23

6.САСА 21

7.СЛОГА (В) 21

8.ПОБЕДА 15

9.ПЛАЧКОВИЦА 11

10.РОСОМАН 8