Јувентус освои три бода во дуелот со Лацио на домашен терен во 26. коло на италијанската Серија А и ја продолжува борбата за титулата. „Старата дама“ настапи без Роналдо (Португалецот влезе во второто полувреме), а движечка сила во нападот беа Кулушевски и Мората. Шпанецот реализираше два гола и ја потврди победата.

Прво Лацио поведе со погодокот на Кореа, но изедначи Рабио на асистенција на Мората. Во второто полувреме Шпанецот постигна два гола и го заокружи триумфот на Јуве над Лацио со 3:1.

Лацио го запиша третиот пораз по ред после оние од Баерн и Болоња.
Јуве е на третото место со 52 бода, еден помалку од второпласираниот Милан, а седум помалку од лидерот Интер. Лацио е на седмото место со 43 бода.